Спектакуларен гол на Рондон, но Канада на пенали ја елиминираше Венецуела (ВИДЕО)

На стадионот во Арлингтон, Канада успеа да ја елиминира Венецуела после подобро изведувње на пенали, затоа што после 90 минути немаше победник. Во полуфиналето Канаѓаните ќе се сретнат со Аргентина, која ден претходно на идентичен начин го елиминираа Еквадор.

Канада беше подобар ривал по првиот дел, и само чудо е како Канаѓаните заминаа со само еден гол предност. Шафелбург во 13. минута по една гужва во казнетиот простор успеа да погоди.

Ларин пропушти шанса да донесе 2-0 на почетокот на вториот, а потоа магија на Венецуела. Во 65. минута искусниот Саломон Рондон искористи една грешка на одбраната после лошо исфрлена топка, забележа дека голманот е излезен, и од 40 метри го лобуваше за ерупција на воодушевување. Меѓутоа овој спектакуларен гол не беше доволен за неговата селекција.

Серијата пенали ни донесе промашување во втората и четвртата серија, а во шестата по одбраната на Крепо и ударот на Вилкер Анхел, Исмаел Коне ја запечати победата.

Се вчитува...