Бројките велат: Неуспешно простување на Роналдо од Европските првенства

Кристијано Роналдо нема повеќе да игра за Португалија, барем не на европските првенства, се додека не донесе конечна одлука околу иднината во националниот дрес.

Најјасен сигнал дека ова ЕВРО беше неуспешно за него е тоа што го заврши без постигнат гол. Тоа уште му се нема случено досега на едно Светско или Европско првенство, и остана без рекордот да постигнува гол на сите досегашни шест големи турнири, нешто кое досега не го направил. Неговата лоша игра беше надополнета со голема верба од страна на селекторот Роберто Мартинез, кој немаше храброст да го извади од игра.

До четвртфиналето тој беше играчот со најмногу удари по противничките голови, но не постигна гол да го надмине рекордот. Вкупно имаше 30 обиди.

Кристијано Роналдо не е повеќе голема закана за одбраните и голманите на селекциите, со оглед дека доби и мал број на прекршоци, успеа да освои само 39% од дуелите. Се соочи со најдобрата одбрана на ЕП, и беше само „учесник“ покрај Салиба и Упамекано. Заврши со само еден шут, имаше 40 контакти со топката во 120 минути.

Се вчитува...