Вест Хем го ангажираше капитенот на Вулверхемптон

Вест Хем официјално го ангажираше Максимилијан Килман од Вулверхемптон . Централниот дефанзивец потпиша седумгодишен договор со „чеканите“. Финансиските детали од зделката не беа откриени, но британските медиуми објавија дека лондонскиот тим платил 40 милиони фунти за капитенот на Волците.

27-годишниот дефанзивец повторно ќе биде обединет со новоименуваниот тренер Хулен Лопетеги, кој го водеше Волвс во сезоната 2022-2023 и му ја предаде капитенската лента на Килман.

„Штом дознав за интересот на клубот, тоа беше можност што сакав да ја остварам, па среќен сум што сум овде“, рече Килман на промоцијата.

Се вчитува...