Зверев со луда порака до Гвардиола: „На Баерн му треба тренер, пријателе“

Германскиот тенисер Александар Зверев, се пласираше во 1/8 финалето на Вимблдон, победувајќи го Нори со 3-0 во сетови.

На обраќањето на крај, Германецот му се обрати на легендарниот тренер Пеп Гвардиола кој беше на трибините на Вимблдон.

„Сакам да ти порачам, на Баерн му треба тренер, човече“, му се обрати Зверев, што наиде на смеа кај трофејниот тренер.

Потоа го покани да му биде тренер:

„Ако некогаш ти здодее фудбалот, дојди да ме тренираш“.

Се вчитува...