Сензација на Вимблдон: Елиминација за Швјонтек!

Моментално најдобрата тенисерка на планетата Ига Швјонтек, е елиминирана од женскиот турнир на Вимблдон. Големата сензација ја направи Путинцева од Казахстан која со 2-1 во сетови ја совлада полската тенисерка, и така ја елиминираше од овој турнир.

Иако Швјонтек одлично тргна и го доби првиот сет со 6-3, сепак, го загуби вториот со 1-6, а потоа во третиот уште една лоша игра и тенисерката од Казахстан го доби со 6-2 за конечна победа.

Крај на Вимблдон и за Он Жабер која беше поразена од Свитолина убедлво со 0-2.

Во следната фаза одат Остапенко, Крејчикова, Ванг и Калинискаја.

Се вчитува...