Ништо ново во осминафиналињата, и Англија и Швајцарија ќе играат продолженија (ВИДЕО)

По примерот на Шпанија – Германија и на Португалија – Франција вчера, и денеска денот почна со продолженија. Англија и Швајцарија одиграа 1-1 во регуларниот дел, па ќе играат дополнителни 30 минути низ кои ќе се бара победникот.

Во здодевен меч, битката се разгоре во последните 15 минути, кога Емболо по една грешка во одбраната успеа да му донесе предност на швајцарскиот национален тим, и да ја стави Англија во многу незавидна позиција.

За среќа, Англичаните брзо вратија, односно во 80. минута преку Сака, кој успеа да израмни и така да ја спаси Англија повторно од елиминација. Воедно, тоа за Англија беше првиот и единствен удар во рамките на голот на Зомер.

Се вчитува...