Турција како домаќин во Берлин, води на полувреме против Холандија (ВИДЕО)

Конечно, некој да има водство на полувреме на 1/4 финалните натпревари од ЕВРО 2024 година. Тоа е селекцијата на Турција која е во предност во дуелот со Холандија.

Во првите минути доминација на „лалињата“, но како одминуваше времето Турците се стабилизираа, нападнаа, а голот се случи во 35. минута од средбата. Арда Гулер нафрли, а на вториот дирек осамен Акајдин, кој со глава го совлада Вербруген.

Ова водство делуваше шокантно за Холандија, која не можеше никако да се пронајде себе си до крајот на полувремето, па така не успеа да дојде до посериозна шанса да израмни. Инаку во Берлин поголемиот дел од навивачите се за Турција, па така Турците играат како домаќини.

Се вчитува...