Турските фанови не го поднесоа најдобро поразот – Општа тепачка со холандските навивачи во Берлин (ВИДЕО)

Турските фанови тешко го прифатија поразот од Холандија во четвртфиналето на Европското првенство 2024.

На дуелот во Берлин, Холанѓаните со пресврт дојдоа до победата.

Пред мечот навивачите на двете селекции го окупираа Берлин, создавајќи одлична атмосфера низ улиците на главниот град на Германија, а потоа и на „Олимпискиот стадион“.

Но, по вториот гол на Холандија за предност од 2-1 кој значеше и победата, турските навивачи едноставно „експлодираа“ не можејќи да ја прифатат радоста на противничките навивачи. Па, во фан зоната во Берлин дојде до општа тепачка меѓу двете групи навивачи. Мораше да интервенира и германската полиција, која информираше дека имало и приведени навивачи од двете страни…

Се вчитува...