Крај за Бразил на Копа Америка…, Уругвајците посреќни во пеналите (ВИДЕО)

Бразил ги заврши своите натпревари на Копа Америка уште во четвртфиналето по поразот на пенали од Уругвај. Колумбија, пак, убедливо со 5-0 славеше против Панама.

Бразилците комплетно ги разочараа своите навивачи со игрите на Копа Америка каде одиграа четири меча, и од нив само една победа.

Во четвртфиналето одиграа 0-0 со Уругвајците во регуларниот дел, и покрај тоа што имаа и играч повеќе од 74. минута откако противникот остана со фудбалер помалку по црвениот картон на Нандез.

Во пенал-рулетот кај Бразилците промашија Милитао и Даглас Луиз, што беше доволно Уругвај да обезбеди полуфинале.

Во полуфинале е и Колумбија која ја победи Панама со 5-0 со головите на Кордоба, Родригез и Диаз во првиот дел, и Риос и Мигуел Борха во второто полувреме.

Уругвај во полуфиналето ќе игра со Колумбија, а втората полуфинална двојка на Копа Америка е Аргентина – Канада.

Се вчитува...