Работнички за новата сезона доведе уште едно засилување на бековски позиции, во името на 28-годишниот Весли Персон Џуниор, син на поранешната НБА ѕвезда Весли Персон кој имаше повеќе од 700 натпревари во НБА лигата во периодот од 1994 до 2005 година.
Персон Џуниор во Работнички доаѓа од екипата на Корихаит од Финска, каде на 34 натпревари минатата сезона имал просек од 13,6 поени, два скока и 1,4 асистенции.
Претходно во својата кариера има настапувано и во Чиле, Велика Британија, Унгарија и Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА