Во Германија шокирани: Месут Озил дочека да им се освети… (ФОТО)

Легендарниот поранешен германски репрезентативец Месут Озил синоќа беше дел од свечената ложа на натпреварот меѓу Холандија и Турција на ЕВРО 2024.

Озил, кој е роден во Германија каде и ја реализираше својата кариера, беше во ложата веднаш зад претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Но, Озил очигледно, со однесувањето пред и за време на овој меч, како што мислат поголемиот дел од германските медиуми, подготвил всушност освета за Германија за се што му се случи пред две години само поради некои негови изјави.

Па, пред натпреварот меѓу Турција и Холандија, покрај отворената поддршка за Турција, Озил објави и фотографија на Мерих Демирал со поздравот на „сивите волци“, екстремна група чие делување е забрането во Германија и Западна Европа. Покрај тоа објави на својот Инстаграм профил и тетоважа од „Сивите волци“. Добро е познато дека Германија и германската министерка за внатрешни работи беа најгласни да се казни Демирал.

Начинот на кој Озил сега даде поддршка за Демирал, многумина во Германија го сметаат за директен атак на земјата.

„Тоа е отворен атак кон земјата која се му даде, се што станал тој е заслуга само на оваа земја. Начинот на кој сега се однесува е неприкладен за поранешен репрезентативец“ – сметаат поголемиот дел од германските медиуми.

Се вчитува...