Монтела: Половина од овој тим на Турција ќе игра и за осум години, создадовме светла иднина

Селекторот на Турција, Винченцо Монтела вели дека Турција е најубавата приказна на ЕВРО 2024 која оставила силен впечаток во цела Европа, а за поразот од Холандија го обвинува неискуството на екипата.

Иако речиси сите турски медиуми бараат одговорност од него, лоцирајќи го како единствен виновник за елиминацијата, Монтела мисли сосема поразлично.

„Игравме одличен турнир и навистина добар меч со Холандија. Најмлад тим сме на турнирот, и поради тоа не можевме најдобро да се носиме со одредени нешта. Мислам дека сите неутрални навиваа за нас. Игравме со карактер и така мора да останеме на следните големи турнири. Половина од оваа екипа ќе игра и за осум години“ – вели Монтела, и дополнува:

„Жал ни е, но не можевме повеќе. Очекувањата можеби беа поголеми, но со оваа младост сега не можевме да ги достигнеме“.

Позицијата на Монтела, како што пишат турските медиуми е загрозена, но Монтела веќе се концентрира на следните акции со Турција.

„Им треба одмор на играчите, и ќе бидеме и подобри од септември во Лигата на нациите“ – вели Монтела.

Се вчитува...