Очајно деби на синот на Леброн Џејмс во дресот на ЛА Лејкерс (ВИДЕО)

Синот на НБА ѕвездата Леброн Џејмс, Брони синоќа воопшто не се прослави во дебито во дресот на ЛА Лејкерс во Летната лига во НБА.

Брони, кој беше избран од ЛА Лејкерс како 55. пик на неодамнешниот драфт, постигна само четири поени во поразот од Сакраменто (94-108), со очајна игра која, како што пишуваат американските медиуми, не ветува негова брза адаптација во дресот на еден од најдобрите НБА клубови.

Брони имаше 2/9 шут од поле, како и два скока и две асистенции…

„Ова секако е историски момент, бидејќи Леброн и Брони веќе и официјално се првите татко и син кои се активни играчи во НБА. Но, од друга страна, ова е далеку од идеално. Очигледно е дека ќе има проблеми. Приказните за непотизам станаа вообичаени откако за прв тренер беше ангажиран Џеј Џеј Редик, соработникот на Џејмс во неговиот подкаст“ – пишува „Фокс њус“.

„Се уште е рано, но факт е дека тој не е перспектива во НБА. Очекуваме наскоро да замине во Европа“ – пренесуваат останатите американски медиуми.

Се вчитува...