Демар Дерозан од Чикаго во Сакраменто!

Досегашниот кошаркар на Чикаго, Демар Дерозан е ново засилување за Сакраменто кингс, официјално објавија и двата клуба.

Чикаго и Сакраменто се договорија Дерозан да ја промени средината, во замена за Херисон Барнс, Крис Дуарте и плус дополнителен износ на пари како финална компензација.

Дерозан претходно потпиша тригодишен договор вреден 70 милиони долари со Булси, и тој се пренесува на Сакраменто.

Со ангажманот на Дерозан, Сакраменто смета дека ќе може да дојде до самата завршница во НБА лигата следната сезона. Пред Чикаго, Демар Дерозан играше и за Торонто и Сан Антонио.

Се вчитува...