Хаос во Саудиска Арабија поради Бензема – Фрчат оставки: „Ете ви го, тој нека ви прави екипа…“

Францускиот напаѓач Карим Бензема му создава големи проблеми на актуелниот шампион на Саудиска Арабија, екипата на Ал Итихад.

Бензема како огромна ѕвезда пристигна во Саудиска Арабија поради што се наметна како „шеф“ во својот тим, но се чини дека Арапите премногу му дозволија. Поради него сменет е и тренерот Марсело Гаљардо, по само шест месеци откако дојде во клубот.

„Гаљардо направи голема грешка со барањето Бензема да се отстрани од екипата. Тоа е неприфатливо. Карим е еден од најважните проекти на Саудиска Арабија и клубот. А, што се однесува до нов менаџер, имаме неколку имиња како опција“ – истакна пред еден месец претседателот на Ал Итихад, Лоаи Назер.

Но, хаосот во клубот не се смири. Напротив дополнителни проблеми настанаа откако Бензема го блокираше и ангажманот на Стефано Пиоли. Поранешниот тренер на Милан имаше се договорено со Ал Итихад, но Французинот не сака да работи со Италијанецот.

Фаворит на Бензема, пак, е поранешниот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие кој минатата година беше во центарот на скандал затоа што наводно сакал да води тим без црнци и муслимани.

Токму поради сето ова, поради противењето на Бензема на сите понудени тренери, досегашниот претседател на клубот Лоаи Назер поднел оставка до Министерството за спорт, кое сега одлучува дали ќе ја прифати или не.

„Ете ви го, нека сега тој ви прави екипа“ – наводно порачал првиот човек на Ал Итихад, кој како што кажал нема намера да работи во клубот во кој главен збор ќе има еден фудбалер.

Се вчитува...