Тренерот на Струга ТЛ, Ќатип Османи е задоволен од подготовките кои го мина неговиот тим во очекување на настапите во квалификациите за Лигата на шампионите и двомечот со големиот фаворит, словачкиот шампион Слован Братислава.
Османи по интервју за официјалната интернет страница на клубот вели дека подготвени се за дуелот со Слован.
„Во подготвителната фаза, покрај тренинзите што ги имавме, одигравме и неколку пријателски натпревари на кои имавме за цел физички да ја подготвиме екипата. Генерално, задоволен сум од залагањето на играчите и на тренинзите и на натпреварите што ги одигравме, па мислам дека подготвени го очекуваме првиот меч со Слован Братислава. Што се однесува до пријателските натпревари, увидовме некои грешки кои се појавуваат поради замор и период не баш погоден за фудбалски натпревари. Драго ми е што играчите дадоа максимум и на овие пријателски натпревари, без воопшто да го намалат интензитетот на работа. Сето ова само не прави поподготвени да го чекаме дуелот во Европа“ – вели Османи.
Што се однесува до засилувањата на тимот. Струга се одлучи да ангажира поранешни репрезентативци како Стефан Спироски и Кире Ристевски, а тука е и голманот Христијан Стевковски од Македонија ЃП.
„Среќен сум од посветеноста и на младите фудбалери и на оние кои веќе ги имавме во тимот. Во однос на новите засилувања, можам да кажам дека сум презадоволен од нивната посветеност и сакам да му се заблагодарам на управниот одбор за оваа одлична работа и можноста да работам со професионални фудбалери. На некои од нив им треба уште време, но генерално, дури и оние со професионализам во срцето се потрудија да се навикнат на околината и на тимот воопшто, па мислам дека можеме да постигнеме многу добри работи како тим“.
Што се однесува до Слован Братислава?
„Секако дека го анализиравме противникот, имаме информации и од нивните пријателски натпревари ова лето, дел од натпреварите од минатата сезона во првенството, но и од минатата сезона во Европа. Не треба да се троши премногу зборови за противникот со кој се соочуваме, тие се многу добра екипа, екипа која секогаш игра во Европа, повеќекратен шампион на Словачка… Но, и ние имаме свои квалитети, и преку она што го поседуваме и умееме ќе се обидеме да извлечеме позитивен резултат во Братислава, што би ни дало повеќе надеж за реваншот овде во Охрид“ – вели Ќатип Османи.
Првиот натпревар против Слован Братислава од првото квалификациско коло за ЛШ, Струга ТЛ го игра на гостински терен во Братислава на 10. јули од 19 часот, а реваншот е во Охрид на 17. јули со почеток во 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА