Димитров поведе против Медведев во првиот сет, но поради повреда го предаде мечот

Бугарскиот тенисер Григор Димитров, поради повреда, го предаде натпреварот против Русинот Данил Медведев од осминафиналето на Вимблдон уште во првиот сет.

Димитров одлично го отвори мечот, поведувајќи со 3-0, но беше евидентно од стартот дека има некои физички проблеми.

Рускиот тенисер го искористи сето тоа, и направи серија од пет добиени гема по ред, по што Димитров одлучи да го предаде мечот.

Следниот противник на Данил Медведев ќе биде првиот светски рекет, Италијанецот Јаник Синер.

Се вчитува...