Баерн Минхен официјално го промовираше Олисе (ФОТО)

Баерн Минхен и официјално го промовираше Михаел Олисе како свое засилување за деснокрилната позиција.

22-годишниот Олисе доаѓа од редовите на Кристал Палас за сума од 53 милиони евра, потпишувајќи договор со баварците до 2029 година.

Минатата сезона во Премиерлигата запиша 19 настапи, со постигнати десет гола и плус запишани шест асистенции, додека во претходната сезона на 37 меча имаше два погодоци и дури 11 асистенции.

Пред Кристал Палас, Олисе настапуваше за Ридинг, а мина и низ младинските школи на Арсенал, Челси и Манчестер сити.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FC Bayern (@fcbayern)

Се вчитува...