Порторико ја шокираше Литванија и обезбеди виза за ЛОИ

Кошаркарската репрезентација на Порторико приреди големо изненадување во квалификациите за Лените олимписки игри во Париз триумфирајќи во финалето на турнирот во Сан Хуан над репрезентацијата на Литванија со 68-79.

Пред нешто повеќе од 13 илјади навивачи Порториканците одиграа убедлив натпревар против фаворизираните Литванци надминувајќи го отпорот на противникот во третата четвртина во која стекнаа двоцифрена предноста и истата ја задржаа до крајот на средбата.

Со тоа Порторико им се приклучи на Шпанија, Бразил и Грција кои обезбедија олимписки билет преку квалификациски турнир. Порторико натпреварувањето во Париз го започнува од групната фаза во која за противник ќе ги има САД, Србија и Јужен Судан.

Се вчитува...