Хамилтон со солзи ја прослави историската победа: Мислев дека повеќе не вредам

Луис Хамилтон со триумф на Големата награда на Велика Британија се запиша во историјата на Формула 1 шампионатот како првиот возач кој успеал да слави девет пати на легендарната стаза „Силверстоун“, надминувајќи го рекордот на Михаил Шумахер по бројот на победи на една стаза.

Британскиот возач кој одново славеше за прв пат по 2021 година овој успех го прослави емотивно. По триумфот тој се расплака во прегратките на неговиот татко и

„Не можам да престанам да плачам. Имаше денови од 2021 година до денеска кога мислев дека не сум доволно добар и повеќе не верував во себе. Но, секој ден работев напорно и се трудев одново да бидам на ова место. Ова ми е последна трка тука со Мерцедес и сакам да им се заблагодарам на сите во тимот за поддршката сите овие години.

Им благодарам и на навивачите. Ве гледав во секој свиок, ме теравте нанапред и вашата поддршка многу ми значи“, изјави Хамитон кој од следната сезона ќе вози за Ферари.

Се вчитува...