Медведев ја најави средбата против Синер: Најдобро играм против најдобрите на светот

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во четвртфиналето на најпрестижниот грен-слем турнир во сезоната „Вимблдон“ по мечот против Григор Димитров кој Бугаринот го предаде поради повреда.

Со тоа Русинот закажа средба против тенисерот број еден Јаник Синер, меч за кој Медведев вели дека има статистичка предност со оглед на претходното искуство против тенисерите кои се на врвот на АТП листата.

„Никогаш не сме играле откако стана број еден, а јас најдобро играм против таквите тенисери“, вели Медведев кој против Новак Ѓоковиќ славеше во пет од осум мечеви кога Србинот беше рекет број еден.

„Сега тој игра подобро и помалку греши. Кога Јаник стигна на големата сцена целиот свет беше малку изненаден. Не поради силата на неговите удари, туку поради брзината на движење и силата на удар на топчето од сите позиции на теренот. Тогаш многу грешеше и затоа често губеше, но штом ги смали грешките стана многу тежок за играње. Не само за мене и затоа е прв на светот. Но, јас сум поуспешен против тенисери кои се број еден. Така вели статистиката“

Се вчитува...