Жозе Мурињо седна на клупата на Фенербахче и веднаш почна да составува конкурентен тим за покорување на Турција кој воедно треба и да избори место во Лигата на Шампионите престојната сезона.
А, со таа цел португалскиот стратег веќе и го „намерачи“ големото летно засилување. Тоа е фудбалерот на Барселона, Ансу Фати за кој постои голема можност да премине во истанбулскиот тим како позјамен играч.
Фати има договор со каталонскиот тим до 2027 година, но откако ја помина последната сезона на позајмица во Брајтон се очекува и оваа сезона да ја мине надвор од „Камп Ноу“. Сепак според шпанските медиуми Барселона цели на задржување на својот фудбалер до крајот на турнејата во Соединетите американски држави, а потоа и дефинитивно ќе биде одлучена неговата иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА