Наполи се засилува од Реал Мадрид

Наполи е на прагот да стигне до ново засилување за престојната сезона. Според доброупатниот Фабрицио Романо нов фудбалер на тимот ќе биде Рафа Марин кој ќе пристигне во неаполитанските редови од Реал Мадрид.

За услугите на 22-годишниот стопер Наполи ќе издвои 12 милиони евра, а во договорот со шпанскиот клуб ќе постои и откупна клаузула за негов камбек во Мадрид во 2026 година вреден 25 милиони евра или 35 милиони евра доколку „кралевите“ се решат да го вратат назад во 2027 година.

Шпанецот кој потекнува од младинската школа на Реал Мадрид изминатата сезона ја помина на позајмица во Алавес каде одигра вкупно 33 средби.

Се вчитува...