Де Геа му се враќа на фудбалот – бира помеѓу два клубови

Шпанскиот голман Давид де Геа по едногодишна пауза во новата сезона одново ќе ги облече голманските ракавици. Еднаш еден од најдобрите чувари на мрежата беше без ангажман цела сезона по истекот на договорот со Манчестер Јунајтед, а во новата сезона се очекува да настапува во Саудиска Арабија.

Од атрактивното првенство 33-годишниот Шпанец има две богати понуди. Една од нив е од Ал Шабаб за кој настапува и Хрватот Иван Ракитиќ, додека другата понуда остаува анонимна.

Де Геа помина 12 години во Манчестер Јунајтед и со „црвените ѓаволи“ освои вкупно осум титули од кои Премиерлигата, ФА Купот и Лига Европа. Тој беше прогласен за најдобар голман на Премиерлигата во 2018 и 2023 година.

Се вчитува...