САД без Кевин Дурент на почетокот на подготовките за ЛОИ (ВИДЕО)

Кошаркарската репрезентација на Соединетите американски држави во полн погон ги започна подготовките за Летните олимписки игри во Париз, но уште на самиот старт се соочи со проблем бидејќи дел од тимот поради повреда нема да биде Кевин Дурент.

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата се пожалил на повреда на листот поради која нема да тренира неколку денови додека не биде утврдена сериозноста, потврди и селекторот Стив Кер.

САД пред групната фаза на Игрите во Париз во која ја очекуваат натпревари против Србија, Јужен Судан и Порторико ќе одигра пет пријателски натпревари. Првиот од нив е против Канда во среда, натпревар на кој нема да настапи Кевин Дурент.

Се вчитува...