Младиот талентиран црногорски фудбалер Виктор Џукановиќ кој настапува за шведскиот прволигаш Хамарби чиј сопственик е и Златан Ибрахимовиќ е голема трансфер цел на Црвена Звезда за престојната сезона.
Белградскиот тим испрати понуда од три милиони евра до клубот од Шведска, но таа беше експресно одбиена со образложение дека истата сума е недоволна за негов трансфер. Но, и покрај тоа преговорите не запреа во целост и наскоро се очекува и побогата понуда за 20-годишниот крилен напаѓач од Црна Гора.
Џукановиќ е дел од Хамарби од јануари 2023 година и оттогаш се наметна како еден од најталентираните фудбалери кои настапуваат во Скандинавија. За клубот од Стокхолм настапи на 46 натпревари и постигна 15 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА