Рибакина и Свитолина без проблем до четвртфинале на Вимблдон

Фаворизираните тенисерки Елена Рибакина и Елина Свитолина ја потврдија улогата во осминафиналните натпревари на Вимблдон и закажаа меѓусебен дуел во четвртфиналето.

Свитолина со 2-0 (6-2, 6-1) беше убедлива против кинеската тенисерка Ванг, додека Рибакина службено го доби мечот против Ана Калинскаја која се предаде во вториот сет.

За Рибакина тоа беше 18 победа во 20 меч на Вимблдон со што им се приклучи на Ан Џоунс и Стефи Краф како единствените тенисерки во Опен ерата кој имаат 90 отстотна успешност во натпреварите.

Се вчитува...