Де ла Фуенте пред Франција: Мора да бидеме поефикасни

Шпанската фудбалска репрезентација се пласираше во полуфиналето од Европското првенство откако славеше во драматичен натпревар против домаќинот Германија.

Со тоа Шпанците закажаа полуфинале против Франција, а во пресрет утрешната средба која е закажана со почеток од 21 часот за медиумите говореше селекторот Луис де ла Фуенте кој вели за триумф и место во финлето на неговите избраници ќе мораат да бидат поефикасни.

„Немам намера да измислувам ништо против Франција. Обично ми се допаѓа секој играч да игра на позицијата каде што се чувствува најдобро. Натпреварот против Германија беше фантастичен, но мора да притискаме подобро, да имаме поголема контрола, подобро да ги искористиме шансите, да бидеме поефикасни“, изјави Де ла Фуенте.

Се вчитува...