Крај на една ера: Саул заминува од Атлетико Мадрид

По осум години поминати на „Ванда Метрополитано“ шпанскиот играч за врска, Саул Нигез заминува од Атлетико Мадрид и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Севилја која изразила желба за ангажман на фудбалот со повеќегодишен договор.

Поранешниот шпански репрезентативец чија форма беше во пад во последните години беше промовиран во првиот тим на Атлетико Мадрид од младинската школа и досега настапи на повеќе од 420 натпревари постигнувајќи 48 голови и 26 асистенции.

Преговорите на 29-годишникот и Севилја се во завршна фаза и се очекува наскоро да биде официјализиран тригодишен договор.

Се вчитува...