Лук Шо: Подготвен сум за 90 минути

Англија се пласираше во полуфиналето на ЕУРО, иако имаше многу проблеми. Еден од најголемите беше недостатокот на класичен лев бек, но тоа се менува бидејќи Лук Шо се опорави и играше против Швајцарија.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед е единствениот класичен лев бек во составот на Герет Саутгејт. Но, тој не беше подготвен за игра до натпреварот против Швајцарија во четврфиналето кога влезе во второто полувреме. Фактот дека на него може да се смета е од капитално значење за Саутгејт пред мечот со Холандија во полуфиналето во среда, а самиот Шо истакнува дека е целосно фит.

„Секако дека мислам дека сум подготвен за 90 минути. Се чувствувам целосно фит, а тоа е одлука на Герет“, изјави Шо. 

Се вчитува...