Болмаро е ново засилување на евролигашот Милано

Кошаркарскиот клуб Милано потпиша повеќегодишен договор со Аргентинецот Леандро Болмаро, соопштија од клубот. Болмаро во Милано пристигнува од Баерн Минхен, за кој минатата сезона на 28 натпревари во Евролигата имаше просек од 8,4 поени, 3,4 асистенции и една украдена топка по меч.

Со Баерн минатата сезона го освои германското првенство, а во лигата придонесе за тимот со просек од 7,7 поени, 2,7 скока и 2,9 асистенции по меч. Откако ја започна кариерата во родната Аргентина, играше и во Шпанија и во американската НБА лига.

Со репрезентацијата на Аргентина учествуваше на Олимписките игри во Токио.

Се вчитува...