Стариот добар Зверев – Имаше 2-0 со Фриц, па на крајот загуби

Германскиот тенисер Александер Зверев повторно имаше се во свои раце во гранд-слем меч и на крајот повторно не успеа да стигне до победа. Откако имаше добиено финале на Ролан Гарос против Карлос Алкараз, успеа да загуби добиен меч и во осминафиналето на Вимблдон.

Зверев загуби од Американецот Тејлор Фриц со 3-2, по сетови 4-6, 6-7, 6-4, 7-6 и 6-3. Зверев брзо ги освои првите два сета и се личеше дека лесно ќе ја заврши работата. Сепак, Американецот одигра на ниво во продолжение и на крајот успеа да стигне до ново четвртфинале на Вимблдон.

Фриц во четвртфиналето за противник ќе го има Италијанецот, Лоренцо Музети кој беше подобар од Французинот Џовани Мпеши Перикард со 3-1 (4-6, 6-3, 6-3 и 6-2).

Се вчитува...