Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) денеска ги казни Текстилац, Дубочица и ОФК Вршац поради „нарушување на интегритетот на играта“ врз основа на извештајот на Европската фудбалска федерација (УЕФА).
Отворени се случаите за натпреварите Текстилац – Младост ГАТ (1-2), ОФК Вршац – Тексстилац (2-1), ГФК Дубочица – Младост ГАТ (0-1) и ГФК Дубочица – ОФК Вршац (1-1).
Ф.К.Текстилац е казнет со осум милиони динари и одземање на шест бода условно во траење од две години. ГФК Дубочица Лесковац се казни со ефективна парична казна во износ од осум милиони динари и одземање на шест бода, условно во траење од две години, а ОФК Вршац се казнува со ефективна парична казна во износ од 1 милион динари.
Казните не се јасни, затоа што ако се констатирало дека имало местенка, таквите санкции се минимални, а ако се било чисто не е јасно зошто таков епилог.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА