„Ѓоковиќ-експрес“ преку Руне до четвртфинале на Вимблдон

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ без проблеми се пласираше во ново четвртфинале на третиот гранд-слем турнир во сезоната, Вимблдон откако во последниот меч на Централниот терен денеска славеше против Данецот, Холгер Руне со максимални 3-0, по сетови 6-3, 6-4 и 6-2.

Србинот брзо стигнуваше до брејк во сите три сета и без проблеми на крајот успеа да запише нова победа во „Ол ингланд“ клубот.

За противник во четвртфиналето тој ќе го има австралискиот тенисер Алекс де Минор кој денеска со 3-1 (6-2, 6-4, 4-6 и 6-3) беше подобар од Французинот Артур Филс.

Се вчитува...