Борусија Дортмунд потпиша договор со поранешниот капитен на Штутгарт, Валдемар Антон. Фудбалерот со узбекистанско потекло, кој беше германски репрезентативец на Евро, потпиша четиригодишен договор со својот нов клуб, а германските медиуми пренесуваат дека трансферот е вреден 22,5 милиони евра.
Минатата сезона Штутгарт заврши на второто место во Бундеслигата, зад непоразениот шампион Баер Леверкузен, а Антон настапи на 33 од 34 првенствени натпревари.
За германската репрезентација дебитираше во март годинава, а на еврото доби шанса во нокаут фазата од натпреварувањето, влегувајќи во финишот на осминафиналето со Данска (2-0) и во продолженијата на четвртфиналната средба со Шпанците.
Доаѓањето на Антон е првото засилување за новиот тренер на Борусија, Нури Сахин, кој на тој начин доби замена за Матс Хумелс кој си замина од Дортмунд.
Playmaker with Raccoon+ playstyle you said? 🎯😮💨 pic.twitter.com/lBIFnnDPkI
— Borussia Dortmund (@BlackYellow) July 8, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА