Матеј Цветаноски потпишува за сараевски Железничар

Поранешниот фудбалер на Вардар, Матеј Цветаноски својата кариера ја продолжува во сараевски Железничар.

26-годишниот Цветаноски, по завршувањето на соработката со АП Брера, е пред официјална промоција во дресот на еден од најдобрите клубови од БиХ, каде пристигнува како слободен фудбалер.

Крилниот офанзивец повторно се враќа на интернационалната сцена откако претходно настапуваше и за унгарски Ѓирмот и албанскиот прволигаш Партизани Тирана. На домашната фудбалска сцена, пак, покрај за Вардар и за АП Брера, настапуваше и за Пелистер, Македонија ЃП и Шкупи.

Се вчитува...