Шариќ по тепачката во Атина останал без свест

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како хрватските репрезентативци Дарио Шариќ и Ивица Зубац се тепаат со непознати лица во ноќен клуб во Атина.

Се се случи вечерта откако Хрватска загуби од Грција во финалето на квалификациите за Олимписките игри во Париз. Грчките медиуми објавија нови детали поврзани со тепачката. Тие пишуваат дека Шариќ и Зубац прво се судриле со гостите, а потоа и со клубското обезбедување. Тие наведуваат дека со нив бил и Тин Једвај кој настапува за Панатинаикос.

Додаваат дека хрватските НБА играчи во конфликтот добиле модринки на рацете и нозете. Тврдат дека тепачката почнала кога Зубац бил во жестока вербална расправија со некого, потоа Шариќ почнал да го брани, но набрзо добил удар поради кој паднал на земја.

Капитенот на Хрватска накратко лежел неподвижен, без свест, откако добил удари по главата и телото.

Се вчитува...