Грција дефинитивно без Слукас на ЛОИ во Париз

Грчкиот кошаркар Костас Слукас нема да биде дел од националниот тим на претстојните Олимписки игри. Слукас не беше дел ниту од репрезентацијата која настапи на квалификацискиот турнир во Атина.

Слукас во интервју за „СДНА“ изјави дека донел одлука да не патува во Лил со репрезентацијата.

„Тоа не е во ред за мене. Едноставно не е во ред. Морам да се одморам, а секој мора да се испоти за да постигне нешто за репрезентацијата. Дали ќе се приклучам откако ќе ги надминат сите овие проблеми? Селекторот ме праша дали сакам, разговаравме за тоа, му кажав дека нема шанси да одам во Париз без да играм во квалификациите“, рече Слукас.

На Олимпијадата Грција ќе биде во групата А со Австралија, Канада и Шпанија.

Се вчитува...