Црногорскиот великан и поранешен освојувач на Лигата на шампионите, Будуќност ги живее најлошите денови од своето формирање. Клубот го загуби својот спонзор, а во прашање е и неговата иднина.
Проблем повеќе е и тужбата која ја поднесе Милена Раичевиќ која по судски пат ќе ги добие финансиите. Тоа може да предизвика други санкции од страна на ЕХФ, како што е исфрлање од Лигата на шампионките за следната сезона. За сето ова говореше Маја Булатовиќ велејќи дека не знае дали може да ја доживеат истата судбина како Вардар.
„Сложено е, мора да се раскинат договорите кои ги потпиша „Бемакс“, односно договорите на Катарина Булатовиќ и тренерот Бојана Поповиќ кои го градеа тимот. Сметам дека свесно се влезе во тужба со Раичевиќ, која кај ЕХФ заврши како што заврши. Дали Будуќност како Вардар поради долг ќе биде исфрлен од Лигата на шампионите, останува да видиме. Повторувам, во моментов ние немаме услови да бидеме учесници во елитното натпреварување. Едноставно, клубот се гаси. Дали ќе играме во црногорската лига, кој ќе води, навистина не знам“, беше дел од коментарот на Маја Булатовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА