Официјално: Јувентус го продаде голгетерот во Фиорентина

Јувентус успеа да се ослободи од уште еден фудбалер кој не беше дел од плановите на новиот тренер Тијаго Мота, откако Моисе Кеан денеска го комплетираше трансферот во Фиорентина.

Голгетерот не беше најстандарден ниту кај Масимилијано Алегри, а со оглед на фактот дека влезе во последните 12 месеци од договорот со Јуве се инсистираше на што побрза продажба. Фиорентина го искористи тоа и успеа да ја намали цената, па за сума од 13 милиони евра го доведе овој фудбалер на „Артемиот Франки“.

„Ова е одлично за мене, не можам да дочекам да почнам со тренинзи. Веќе се сретнавсо голем дел од оиграчите, едвај чекам да почнам со авантурата во овие нови бои“, изјави Кеан по потписот на договорот со Фиорентина.

Моисе Кеан се врати назад во Јувентус најпрвин на позајмица од Евертон во 2021 година, со клаузула за задолжителен откуп што беше активирана во 2023, за сума од 28 милиони евра.

Се вчитува...