Јоргос Папајанис по само една година во Фенербахче ги напушти редовите на турскиот кошаркарски гигант, откако минатото лето пристигна од редовите на Панатинаикос, а сега повторно е приморан да ги пакуфа куферите.
Фенербахче преку клупската веб-страница објави дека и официјално ја прекинува соработката со грчкиот центар, кој дојде како големо засилување ланската сезона, но остана во сенката на Џонатан Мотли. Иако Мотли летово го напушти клубот, управата сепак се реши да се раздели и од Гркот, па со целосно променета центарска линија да влезе во наредната сезона.
Добро упатени извори тврдат дека Папајанис ќе тргне по стапките на својот репрезентативен колега Ник Калатес. Искусниот плејмејкер пред две седмици раскина со Фенербахче и се пресели во редовите на Монако, а грчките медиуми најавуваат дека и Папајанис во наредните денови по примерот на својот сонародник ќе им се приклучи на „кнезовите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА