Играчот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд е пред потпис со Олимпик Марсеј. За услугите на Англичанецот, Марсеј ќе плати 30 милиони евра, плус 40-50% од следен трансфер.
Гринвуд минатата сезона ја мина во Шпанија, како позајмен во Гетафе и имаше одлична сезона. Токму поради настапите го сврте вниманието кон себе, и беше баран од неколку гиганти како Барселона, Јувентус, Борусија Дортмунд…
Манчестер Јунајтед го „отпиша“ Гринвуд после скандалот со сексуално вознемирување на неговата девојка, по што го испрати во Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА