Фудбалската класика помеѓу Шпанија и Франција по првиот дел заврши со предност за Шпанија, стекната со пресврт во рок од четири минути. Откако водеше Франција, „фуријата“ со билцкриг стигна до предност на натпреварот во Минхен.
Французите одлично почнаа и во 9. минута преку Коло Муани погодија во мрежата на Симон. Асистираше Мбапе, а Муани на вториот дирек со глава го совлада шпанскиот голман.
Шпанија речиси од без игра стигна најпрво до израмнување. Ламин Јамал постигна прекрасен гол од 25 метри во 21. минута и донесе израмнување. Евро-гол, но и рекорд. Јамал стана најмладиот стрелец во историјата на Европските првенства.
Следуваше нов шок за Франција. Олмо се најде во супер ситуација, шутираше, а на патот до голот топката ја зафати Кунде и таа заврши во мрежата на Мињон. Франција како да беше во целосен шок, па не успеа да направи ништо пред голот на Симон за да израмни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА