Струга ТЛ утре го игра првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите против Слован Братислава. Стружани важат за аутсајдери со оглед дека шансите за Слован да го мине првото коло се дури 90%.
Стружани денеска пристигнаа во Братислава, и го одржаа последниот, официјален тренинг на стадионот „Техелне Поле“ во Братислава, каде утре ќе се игра мечот.
Натпреварот започнува во 19:00 часот, а се очекуваат нешто повеќе од 10.000 гледачи на стадионот, кој е со капацитет од 22.500 места.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА