Оливие Жиру повеќе нема да игра за францускиот национален тим, откако вчерашниот натпревар со Шпанија му беше последен во неговата кариера во репрезентацијата. Напаѓачот постигна 57 гола во 137 натпревари, и со тоа остана најдобар стрелец за Франција во историјата.
Жиру со Франција ја освои титулата светски првак во 2018 година, беше дел од финалето 2022, а не успеа да дојде до трофеј од европските шампионати.
Како што е познато, Жиру го напушти Милан и се сели во МЛС Лигата во тимот на Лос Анџелес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА