Струга ТЛ започнува во Лигата на шампионите, прва станица Братислава!

Ждрепката сакаше Струга ТЛ да игра против Слован Братислава во 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Ждрепката му го додели можеби најтешкиот противник на македонскиот првак, со оглед дека Слован минатата сезона играше во 1/8 финалето во Лигата на конференции.

Мечот во Братислава се игра со почеток во 19:00 часот, а Струга ТЛ во текот на изминатиот месец доживеа „мал ремонт“. Од екипата заминаа голманот Ќосевски, потоа дефанзивецот Незири, потоа Мазрекај, Згуро, Јаровиќ и Малиќи. Меѓутоа првакот осетно се засили откако ги промовираше доскорашните репрезентативци Кире Ристевски и Стефан Спировски, потоа голманите Христијан Стевковски и Филип Дујмовиќ, а во Струга пристигнаа и Бојан Илиевски, Масаки Такахара, Стефан Јевтоски и Арби Воша.

Тренерот на Струга ТЛ Ќатип Османи ја препушти улогата на фаворит на противникот, но истакна надеж дека Струга ТЛ со новите засилувања може да напрви изненадување.

„Играме против најдобриот тим во Словачка, клуб со традиција и многу добри резултати, па максимално ја почитуваме Слован Братислава. Се обидовме да ја анализираме играта на словачкиот тим на Братислава преку пријателските натпревари кои ги имаа, па дури и последните натпревари во првенството. Свесни сме дека утре можат да бидат сосема поинакви на теренот, поради некои играчи кои ги имаа на ЕП“, – рече тренерот на Османи, и додаде:

„Нов тренер сум во овој тим, ја презедов екипата на почетокот на сезоната. Струга ТЛ имаше добри резултати и пред моето доаѓање, и мислам дека не ми е тешко да сменам многу што се однесува до филозофијата на играта. Доведовме неколку добри засилувања, одработивме добри подготовки и мислам дека целосно подготвени влегуваме во мечот. Подготвени сме да извлечеме позитивен резултат“, изјави Османи.

Се вчитува...