Александер Зверев ги пропушта ЛОИ во Париз?

Германскиот тенисер Александер Зверев би можел да ги пропушти Летните олимписки игри кои започнуваат на крајот на овој месец во главниот град на Франција. Причина за тоа е ново стекнатата повреда на грен-слем турнирот Вимблдон.

Бранителот на трофејот од Игрите кои се одржаа пред три години се повреди во натпреварот од третото коло против Камерон Нори, а и покрај тоа што успеа да го добие овој меч, а и потоа да се појави на теренот за дуелот против Тејлор Фриц и во еден момент да поведе со 2-0, се чини дека дополнително ја зголеми својата повреда.

Зверев го загуби мечот од Американецот, а по него мораше да прими и медицинска помош. Неговиот брат Миша Зверев откри дека може да станува збор и за микроскопска скршеница на коската која Германецот ќе го оддалечи од теренот на подолго време.

Се вчитува...