Мајк Тоби ја промени Србија за Шпанија (ФОТО)

Доскорешниот словенечки репрезентативец Мајк Тоби кој изминатата сезона го носеше дресот на српскиот евролигаш Црвена Звезда кариерата ќе ја продолжи во шпанското првенство каде официјално ќе настапува за Гран Канарија.

За 29-годишниот центар роден во Њујорк тоа воедно значи и враќање назад во Шпанија каде настапуваше шест сезони, во два наврати за Валенсија, а помина и една сезона во Тенерифе.

Се вчитува...