Џон Мекинро, во студиото на Би-би-си, во жестока одбрана на Ѓоковиќ: „Браво за тоа што и го направи на публиката!“ (ВИДЕО)

За европската спортска јавност, а пред за британскиот ТВ-сервис, „Би-би-си“, очигледно е се уште интересна реакцијата на Новак Ѓоковиќ, по неговата победа над Норвежанецот Холгер Руне, со ироничната забелешка до делот од публиката која постојано го провоцираше за време на мечот.

Новак, не можејќи да премолчи, на крајот им се обрати на тој дел од британските навивачи со „Дооооооообрааааа ноќ“.

Тоа, предизвика бурни реакции пред се кај британските медиуми, па во нов осврт на „Би-би-си“ околу тоа, очигледно водителката Клер Болдин очекуваше од гостувањето на легендарниот Џон Мекинро да извлече реакција за таквиот однос на Новак Ѓоковиќ.

Што би му рекле вие на Новак за таквата реакција, го праша Клер Болдин гостинот Мекинро?… Но, очекувано или не, доби едно…

„Браво!“ – категорично одговори Мекинро и дополни застанувајќи во жестока одбрана на Ѓоковиќ:

„Па, тој се бори со тоа букање и свиркање цела своја кариера. Точно е дека тој се храни од негативната енергија и да и јас сум се хранел на времето, но секако го мразам овој начин на непристојност од публиката. Дали сакаш луѓето да урлаат против тебе, да сакаат да изгубиш, само затоа што си толку добар, па навиваат за другиот тип без никаква причина туку само зошто ти си толку добар? Па, Новак е како Дарт Вејдер. Има две најголеми класи што сме ги виделе во тенисот, Рафаел Надал и Роџер Федерер. Кој може да се мери со нив? Никој! И тогаш доаѓа овој Ѓоковиќ и им упаѓа на забавата. Како да го почитувате после ова? Тој е човек кој поднесе најмногу поради тоа и затоа би рекол дека е најдобар на сите времиња“.

На констатацијата, потоа на Клер Балдинг дека „освои и повеќе грандслемови од нив“, Американецот со дополнување:

„Точно. Така што тој секако си мисли: „А да ме почитувате малку повеќе после сево ова“? Мислете на тоа… Овде има лик кој беше на операција пред месец дена. Шансите дека ќе игра на турниров беа 10 или 20%. Тој помисли: ‘Јас го помагам турниров’. И така е. ‘Зошто не добивам малку љубов кога играм против играч кој е 15-ти на светот?’ Кој не направил баш ништо во спроедба со него. Да, можеби имало Данци кои викале: „Руне, Руне“! и сфаќам дека луѓето сакаат да гледаат добар меч. Сите сакаме да гледаме добар меч. Но мора да ја почитуваш величината што ја гледаш. Лесно е да се биде совозач и терај. Но ова е нешто со што тој се соочува 10, 15, 20 години, луѓето му го прават ова. Му симнувам капа што имаше ‘мадиња’ да го каже тоа тука. Тоа значи нешто. Тоа сигурно на некој начин ќе донесе многу луѓе против него. Тој не го заслужува тоа во оваа фаза кога е пред крајот на една неверојатна кариера. Потребен ни е и тој е толку предобар во нашава игра според мене“  – вели Џон Мекинро.

Се вчитува...