Давид Бабунски има понуда од Шкотска?

Данди Јунајтед успешно го финализираше трансферот на Кристијан Трапаноски, но шкотскиот премиерлигаш сега сериозно размислува да ангажира уште еден македонски фудбалер во своите редови.

Станува збор за Давид Бабунки, 30-годишниот фудбалер за врска кој моментно е без ангажман по истекот на договорот што го имаше со унгарскиот прволигаш Мезековец. Бабунски претходно настапуваше и за унгарски Дебрецин, како и за Ботошани и Констанца во Романија, но поранешниот член на младинската школа на Барселона сега сериозно размислува за преселба на „островот“.

Тренер на Данди Јунајтед е Џим Гудвин, кој пред две години го доведе Бојан Миовски во Абердин додека беше менаџер на оваа екипа. Гудвин не криеше дека побарал совет од Миовски пред да тргне во офанзива по Трапаноски, а нема сомнеж дека најдобриот македонски фудбалер во Шкотска ќе има пофални зборови и за Бабунски, се со цел за и овој плејмејкер да ја зголеми македонската колонија во најсилната шкотска фудбалска лига.

Се вчитува...